ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА РЕГИСТРАЦИЈА И НАЈАВА

Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Веб апликацијата за електронски барања на Бирото за Метрологија под доменот „app.bom.gov.mk" од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира. Веб апликацијата за електронски барања на Бирото за метрологија е достапен на веб локацијата https://app.bom.gov.mk:8081/ и содржи прописи во Република Северна Македонија кои се однесуваат на Формирање, чување, одржување и постојано усовршување на националниот систем на еталони на мерните единици и сертифицирани референтни материјали за потребите на земјата, Обезбедување на следливост на националните / референтните еталони кон меѓународното ниво и обезбедување на учество во соодветните меѓународни активности и договори, Обезбедување на потребни информации и поддршка на државата, индустријата, трговијата и граѓаните за работи од областа на метрологијата, обезбедување солидна метролошка база на националната шема за акредитација во законската метрологија, законски и подзаконски акти од областа на законската метрологија. Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на Веб апликацијата за електронски барања на Бирото за метрологија претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Бирото за метрологија може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите и на информациите кои ги обезбедува Бирото за метрологија

Регистрација и управување со кориснички профил

Со Веб апликацијата за електронски барања управува Бирото за метрологија. Бирото за метрологија ја активира регистрацијата на Вашиот профил. За Вие лично да ги користите функционалностите на Веб апликацијата за електронски барања на Бирото за метрологија потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во веб сајтот на Бирото за метрологија се генерира од вашето име и презиме кои Вие ги внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку Линкот „ Промена на лозинка “, кој се наоѓа до полињата за најава на регистриран корисник на веб сајтот на Бирото за метрологија, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка. Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на Бирото за метрологија доколку ги прекршите Условите за користење или ги прекршите начелата од Политиката за приватност кои се објавени на веб сајтот на Бирото за метрологија. Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на веб сајтот на Бирото за метрологија, и вашиот кориснички профил ќе биде избришан од базата на податоци .

Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате со барање за промена на вашите податоци до бирото. Бирото за метрологија има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку Веб сајтот на Бирото за Метрологија. Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на Веб сајтот на Бирото за Метрологија и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во Веб сајтот на Бирото за Метрологија не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на Веб сајтот на Бирото за Метрологија и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице. Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате Бирото за метрологија на следната адреса: bom@bom.gov.mk. Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате Бирото за метрологија.

Дозволен начин на користење на Веб сајтот на Бирото за Метрологија

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на Веб сајтот на Бирото за Метрологија, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша. Веб сајтот на Бирото за Метрологија смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен. Преку Веб сајтот на Бирото за Метрологија не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повредиле нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку Веб сајтот на Бирото за Метрологија не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку Веб сајтот на Бирото за Метрологија не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина. Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на Веб сајтот на Бирото за Метрологија или по користењето на Веб сајтот на Бирото за Метрологија од страна на другите корисници

Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на Веб сајтот на Бирото за Метрологија може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на Веб сајтот на Бирото за Метрологија. Вашиот континуиран пристап на Веб сајтот на Бирото за Метрологија ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на Веб сајтот на Бирото за Метрологија.

Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на Веб сајтот на Бирото за Метрологија.


Биро за Метрологија на Република Северна Македонија
Бул. Јане Сандански 109а ,1000 Скопје
bom@bom.gov.mk
++389 2 240 3676 ++389 2 2444 677

* КРАЈ НА ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА РЕГИСТРАЦИЈА И НАЈАВА *